Регион

Српскиот „Опенхајмер“ – „Чувари на формулата“ од Драган Бјелогрлиќ ќе биде прикажан и во Струмица

На 9 ноември (четврток) со почеток од 20:00 часот во НУЦК „Антон Панов“ ќе биде прикажан филмот на Драган Бјелогрлиќ – „Чувари на формулата“.

СОДРЖИНА:

Во екот на кризата од Студената војна, група научници од Институтот Винча спроведуваат таен проект предводен од професорот Драгослав Поповиќ. Поради непредвидени околности, тие се изложени на смртоносна доза на радијација, поради што југословенската тајна полиција ги носи на лекување во Клиниката Кири во Париз. Францускиот медицински тим предводен од професорот Жорж Мате заклучува дека нивната состојба е критична и дека деновите им се избројани. Предлага, за прв пат тогаш, да се изврши деликатна и неизвесна интервенција. Дали е тоа експеримент врз живи луѓе или искрена желба да им се помогне – станува мачно прашање за југословенските научници.

Цената на билетот е 200 денари.

Препорачуваме:

По две години пауза ќе се одржи струмичкиот карневал

Симболичен протест на грчките камионџии

Нови цени на горивата во Македонија

Ivana Vangelova