• Sat. May 18th, 2024

Струмичките пожарникари отстранија гнездо пчели од дрво пред детска градинка

ByЃ. K.

Nov 3, 2023

Струмичките пожарникари денеска отстранија гнездо пчели од дрво на влез во детска градинка во Струмица на улицата „Жртви на фашизмот“.

Според информацијата од ТППЕ Струмица, граѓани го пријавиле овој несекојдневен случај, а заради локацијата каде се стационарале пчелите биле преземени мерки за нивно отстранување.

-Гнездото пчели е безбедно отстрането, благодарение на наш пожарникар-пчелар, кој со пчеларска опрема го отстрани гнездото. Тие се вдомени во петорамен нуклеус и се однесени во приватен пчеларник, информираше командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев.

Инаку, пчелите биле забележани од граѓани кои ги носат секојдневно децата во градинката и по создадените услови пчелите биле безбедно отстранети.

(МИА)

By Ѓ. K.