Првиот спрат од новото крило на струмичката болница со 100 легла ќе биде наменет за лекување на ковид пациенти од Југоистокот . Спратот е опремен со легла и сите соби имаат централен довод на кислородна подршка и за него ќе се прави посебен влез. Ова е договорено на средбата со министерот за здравство Венко Филипче кој престојуваше во Струмица за да се изнајдат решенија заради се поголемиот број на позитивни во регионот
Персонал од сите одделенија на струмичката одделенија ќе ротираат за лекување и третман на ковид пациентите . Министерот Филипче најави дека во Струмица ќе работат и лекари од скопските клиники
Во Струмица и регионот во моментов има околу 400 активни случаи со коронавирус. Досега починаа 22 лица од компликации на вирусот. Пациентите со потешка клиничка слика се препраќаат во Скопје а во моментов во струмичакта болница на инфективно и на дневните ковид амбуланти се лекуваат 50 тина пациенти