Регион

Сојузот на стопански комори предложи 25 мерки за економски спас

Сојузот на стопански комори на Македонија, минатата недела достави 25 мерки за економски спас, кои очекува Владата, да ги усвои и имплементира во соодветна временска рамка.

Од Сојузот велат дека економските мерки се базирани на реалните потреби на стопанството. Нагласуваат дека стопанството се соочува со голем број предизвици од кои најголем е нарушената ликвидност која многу брзо, доколку не се обезбеди итна финансиска помош може да доведе до затворање на правните субјекти.

Сојузот апелира за конкретна поддршка која ќе пристигне директно кај претпријатијата. Претседателот на ССК, Данела Арсовска истакна дека предлог мерките се скромни со оглед на состојбите во економијата и се засновани на широк процес на консултации во приватниот сектор.

„Приоритетна мерка треба да биде директна таргетирана финансиска поддршка преку доделување на грантови за помош за најпогодените сектори, за да се ублажат негативните ефекти врз економијата предизвикани од пандемијата, бидејќи има дејности кои се пред пропаѓање.
Неопходно е да се креираат прецизни протоколи за работа за сите дејности од Националната класификација на дејности, со цел да им се овозможи на сите право подеднакво да функционираат во контролирани услови по квалитетно утврдени правила. Исто така, од голема важност е да се предвиди можност за одложување или репрограмирање на постоечките кредити за оние претпријатија кои се борат со одржување на ликвидноста за да се превенира пропаѓање или одземање на имотите од страна на банките“, изјави Арсовска.

Сојузот на стопански комори на Македонија смета дека од голема важност е да се обезбеди олеснет пристап до бескаматни кредити за покривање на варијабилните трошоци, како што се оние за тековните оперативни потреби. Апелира на потранспарентно промовирање на кредитните линии кои се достапни, да се овозможи сите на кои им се потребни да имаат можност за пристап до овие средства, како и обезбедување на национална гарантна шема за поддршка на претпријатијата при кредитирањето.

извор: Макфакс

Препорачуваме:

Почна летната школа по гитара-учесниците се подготвуваат за концертот во понеделник

Dimitar Micev

Општинската зграда во Радовиш под клуч. Вработена позитивна на Ковид 19

Стојне Митева

Прв координативен состанок на проектниот тим за проектот „Интегриран оперативен центар за хуманитарна помош – HELP”