• Sun. May 26th, 2024

Прв координативен состанок на проектниот тим за проектот „Интегриран оперативен центар за хуманитарна помош – HELP”

Прв координативен состанок на проектниот тим за проектот „Интегриран оперативен центар за хуманитарна помош – HELP”

Во рамките на проектот „Интегриран оперативен центар за хуманитарна помош – HELP“ финансиран од Европската Унија преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција – Р. Македонија, се одржа првиот состанок на проектните тимови на ден 29 мај, Вторник, во просториите на Комитетот за Истражување на Технолошкиот Образовен Институт на Централна Македонија, Катедра за механичко инженерство, Серес – Грција

На состанокот присуствуваа проектните тимови на проектот и тоа: Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Комитетот за Истражување на Технолошкиот Образовен Институт на Централна Македонија, Катедра за механичко инженерство, Серес- Грција, Министерство за внатрешни работи (Сектор Македонија –Тракија), Грчкиот Спасувачки Тим од Грција и Центарот за управување со кризи, Р. Македонија.

Главна цел на состанокот беше проектните тимови да се запознаат со проектните активности, роковите на реализирање и улогата на секој од партнерите во проектните активности. На состанокот се дискутираше за начинот на комуникација помеѓу партнерите, за активностите околу поднесувањето на извештаите за остварениот прогрес, се презентираа потребните документи за имплементација на проектот од страна на партнерите, понатаму се утврдија роковите за изготвување на техничката документација, процедурите околу јавните набавки и одржувањето на понатамошните состаноци.

Следниот состанок на проектниот тим се планира да се одржи во Струмица, во септември.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *