Регион

Сообраќајка на патот Берово–Струмица по полноќ, тешко повреден 26-годишен возач

Денеска во 00.30 часот во ОВР Берово било пријавено дека на регионалниот пат Берово–Струмица, на место викано „Шушлевец“ , атар на Берово, патничко возило „фолксваген џета“ со беровски регистарски ознаки, управувано од И.М.(26) од с.Ратево, беровско, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип, соопштија од полицијата.

Извршен бил увид извршила увидна екипа од ОВР Берово.

Препорачуваме:

Утврден распоредот на кандидатските листи за локалните избори во југоистокот

Сузана Мицева

Водици во Пиперево

Сопругата го тепала сопругот, тој ја тепал неа или било обострано?

Ѓ. K.