Спорт

Девојчињата од ЖФК Тиверија добија Дипломи за учинокот од минатиот месец

Девојчиња родени 2013-2015 веќе подолго време ја сочинуваат Пионерската екипа на ЖФК Тиверија предводена од Теодора Шопов и редовно играат пријателски натпревари против ФК АП Брера Струмица АД и ФК Беласица АД.

На денешниот пријателски натпревар фудбалерите добија Дипломи зависно од учинокот минатиот месец и тоа:

Михаела Секулова – најдобар играч

Андреа Костадинова – најдобар стрелец

Анастасија Башеска – најмлад најдобар играч

Ивана Димитриевска – најдобар гол

Ангела Чобанова – играч со најдобра техника

Цеци Колева – најборбен играч

Изабела Ташкова- најдобар одбранбен играч

Марија Тодорова – новодојден играч со голем напредок

Тамара Стојанова – новодојден играч со најголем напредок

Марија Аливкинова – најдобар играч за врска

Тина Митева – најдисциплиниран и најнапреднат играч

Вероника Туфекчиева – најдобар голман

ЖФК Тиверија за грижи за иднината на женскиот фудбал и прави сѐ девојките да го задржат интересот за истиот.

Препорачуваме:

РК Астраион во Банско

Ване Трајков

Сеуште ,,виси,, опстанокот на КК Радовиш во Втората лига ?!

Ване Трајков

Типувај во која група ќе биде Македонија на ЕП во одбојка и добиј комплет дрес, повикаа браќата Никола и Ѓорѓи Горѓиеви