Регион

Снегот демолираше оранжерии во струмичко

Снегот кој паѓаше во струмичко, уништи стотина оранжерии кои се подготвуваа за сеидба и отпочнување на раноградинарската сезона. Најпогодeни се земјоделците од населните места Куклиш , Бориево, Моноспитово чии орнажерии не издржаа на снежната покривка од 15 тина сантиметри, па конструкциите со се полиетиленските платна, системите капка по капка се уништени. Дине Дрвошанов од Куклиш вели дека пред негови очи паѓала целата оранжерија и неможел ништо да спаси. Освен оранжерии уништени се и фолии а допрва треба да се согледат штетите кај засеаните површини со пролетна зелка но и кај лозовите и овошните насади

 

Препорачуваме:

Гордана Силјановска Давкова од Радовиш: СДСМ не турка во бинационална држава

Стојне Митева

43 годишна жена пронајдена почината во деловен објект во Струмица

Ѓ. K.

„Распеани струмичани“ се вратија дома со награда за најуспешна група на „Илинденски денови 2023“ во Битола

Ѓ. K.