Регион

Сливарите од радовишко повторно го блокираа патот кон Струмица – бараат 5 денари обештетување за килограм во спротивно утре тричасовна блокада

Одгледувачите на сливи од радовишкиот регион повторно го блокираа патниот правец Радовиш-Струмица бидејќи ниту има откуп ниту пак има резултати од интервентните мерки на државата, а производството им скапува по нивите. Цел час го блокираа патот кај клучката кај Восилавци а за утре ако не добијат одговор од надлежните најавуваат тричасовна блокада повторно на овој патен правец со почеток во 11 часот

Радоившките сливари поддршка добија и од овоштари од Кавадаречко-Неготинскиот но и Делчевскиот Регион. Бараат државата да најде мерки за да има откуп или во спротивно да ги обештети по 5 денари за килограм во просек за 30 илјади тони по хектар. На овој начин како, што тврдат сливарите, колку-толку ќе има пари за да се раздолжат кон земјоделските аптеки.

„Државата ги има обезбедено тие средства, два денари за откупувачите што ќе ги превземат произведените количини и три денари за нас ако ги предадеме. Но проблемот е што нема откуп. Нема откупни центри ниту пак преработувачки капацитети. Ние бараме тие пет денари да бидат доделени на производителите и тоа во просек за три тона по декар или 30 тони по хектар, иако годинава родот е далеку поголем“, вели Станко Манчевски

Препорачуваме:

124 медицински лица од Гевгелија се пријавиле за вакцина

Сузана Мицева

Децата за правилен раст и развој да запишат било каков спорт, советуваат спортските тренери

Ivana Vangelova

Одбележана годишнината од смртта на Трајковски во струмица

Ване Трајков