Регион

Синдикатот на Пошта се заканува со генерален штрајк, бараат линеарно покачување на платите

Синдикатот на Пошта се заканува со генерален штрајк, бараат линеарно покачување на платите

Над 2.200 вработени во „Македонска пошта“ идната недела, од 14 април, ќе стапат во генерален штрајк. 

Ако дотогаш не се случи некаков пресврт, поштата нема да функционира освен за прием и дистрибуција на препорачани пратки од судството, одбраната и полицијата.

Синдикалците повторија дека бараат линеарно зголемување на платите за 3000 денари, подобри услови за работа и нова систематизација на работните места, но досега од надлежните имаат молк за овие барања.

Оттаму додаваат дека ако не се зголемат платите – 70% од вработените ќе се изедначат во своите приходи со минималецот.

„Оправданоста на нашето барање за линеарно покачување на платите се должи на 30 години непокачување на платите на вработените во Македонска пошта.- Боро Велигденов, претседател на Синдикат на Македонска пошта.

Зборуваме за мопеди, велосипеди за поштароразнесувачите, униформи кои повеќе од 15 години не се сменети – сите овие средства не се набавени во Македонска пошта и го отежнуваат работењето на нашите вработени.Имаме огромно незадоволство и од постоечката систематизација на работни места и бараме веднаш пристап до изготвување на нова систематизација.“

Препорачуваме:

Струмичанец тешко повреден во сообраќајка- со тешки повреди пренесен во болница

Ване Трајков

ВИДЕО: „Стари и понови струмички фамилии“ проект на „Завод и музеј“ – Струмица

Заврши традиционалниот „STREETBALL 3×3 – РАДОВИШ 2023”

Ѓ. K.