Свет

СЗО: Рекорден пораст на бројот на заразени од Ковид-19 во светот

Светска здравствена организација (СЗО) извести за рекорден пораст на бројот на новозаразени од коронавирус во светот за еден ден. Вчера се регистрирани 307.930 новозаболени лица за 4 часа.

Бројот на починати од последици од новиот коронавирус вчера се зголеми за 5.537 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи во светот се искачи на 917.417.

Најголем пораст на заразени лица има во Индија, САД и во Бразил. Индија пријавила 94.372 новозаболени лица по што следуваат САД со 45.523 заразени и Бразил со 43.718 инфицирани со вирусот.

Здравствените власти во САД и Индија пријавија над илјада починати за еден ден, а во Бразил од последици од Ковид-19 починале 874 луѓе.

Препорачуваме:

До 2050 година една третина од Италијанците ќе имаат над 65 години

Ѓ. K.

Бугарското МНР за Рама: Слушаме неиспровоцирани тешки навредливи квалификации од шеф на влада

ИСИС и се заканува на Германија