Забава

Се што не сте знаеле за медот

Нектарот од цветовите е главниот извор на јаглехидрати кои пчелите ги претвoраат во лесно сварлив шекер – гликоза и фруктоза, кои се главните состојки на медот.

Зрелиот мед не содржи повеќе од 15% вода, а пчелите во саќето го покриваат со восочни покривачи и така го чуваат од впивање на влага и расипување. Во медот се наоѓаат минерали, аминокиселини, високо вредни органски киселини (како што се мравјата, јаболковата, лимонската, оцетната) пигменти, разни деривати на хлорофилот, восок и елементи на комплексниот витамин Б.

Тајната на производството на вистинскиот природен пчелин е во органите за варење на пчелите кои овој производ го претвараат во лек скоро незаменлив во човековата исхрана.

Ако консумирате мед во разни напитоци (чаеви или слично) морате да внимавате чајот да не е врел, затоа што со преголемо загревање се губат лековитите својства на медот. Медот треба да биде целосно стопен во течноста, за човековиот организам во потполност да ги искористи неговите лековити состојки. Ако консумираме мед без течности, пожелно е да се држи во устата додека не се стопи.

Поради лесното варење, медот моментално ја враќа изгубената енергија на организмот, а со долготрајна примена осигурува физичка издржливост и психолошка стабилност. Неговите својства го прават неизбежен продукт во здравата исхрана.

Една лажичка мед (21 грам) содржи:
Енергетска вредност: 64 kcal
протеини: 0,06 гр
јаглехидрати: 17,3 гр
вкупните масти: 0,0 гр
прехранбени влакна : 0,042 гр

Медот е ефикасен во лечењето на рани поради антибактериските својства, како и во лечењето на инфекциите. Ензимите во медот можат да придонесат за обновување на ткивото и зараснување на раните, го впиваат гнојот и ја одржуваат чистотата на раната, ја намалуваат болката, ги отрстрануваат незгодните мириси, а исто така го намалуваат формирањето на штетните слободни радикали.

Медот исто така влијае на моториката на желудникот и цревата. Со консумација на 120 грама мед на ден, за дваесетина дена се намалува холестеролот за околу 30 отсто и се зголемува активноста на леукоцитите за отприлика 7 отсто, а на хемоглобинот за 10-20 отсто. Редовното консумирање на медот предизвикува подобрување и на крвната слика.

Препорачуваме:

Онлајн изложба на фотографии „Можам да бидам“ на здружението „Вера“

Сузана Мицева

Видео: Кате од Легато сними ново видео во Америка за песната „Гласот на љубовта“

Сузана Мицева

Наставничката Соња Цицимова и годинава со две маски на струмичкиот карневал

Сузана Мицева