Регион

Се реконструира кровот на училиштето во Негорци

 Веќе неколку дена, екипите на градежната фирма „Мансард“работат на кровот на ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци. Станува збор за промена на азбестните плочи и појачување на дрвената платформа со метални профили. Кровната конструкција ќе биде покриена со панел. Реконструкцијата на кровот е финансиски поддржана од сопствениот буџет на Училиштето.           

 – Кровот на училиштето не беше реконструиран од самата изградба на училиштето. Самоиницијативноста за реконструкција на кровот и промена на азбестните плочи настана од причини што од таквиот материјал со неговата токстичност и штетност постојат ризици и опасност по човековото здравје, а здравјето на нашите ученици и вработени е во преден план. При реконструирањето на кровот и отстранувањето на азбестните плочи, се запазени сите начини за постапување со отпад од азбест пропишани со Правилникот изготвен од Министерството за животна средина за заштита и превенција од болестите што може да ги предизвика азбестот, истакна директорот Линкова.             

– Домаќинското работење на ООУ „Ристо Шуклев”- Негорци ја потврдува грижата за своите ученици и вработени. За таа цел, беше распишан тендер, а по завршувањето на тендерската постапка, започнаа изведбените работи за реконструирање на кровот на училиштето. Училиштето ќе добие нова кровна конструкција која ќе ги исполнува еколошките стандарди и нема да биде закана по безбедноста и здравјето на учениците и вработените, истакна градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, поддржувајќи ја самоиницијативната акција за реконструкцијата на кровот на ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци.

Препорачуваме:

Бугарија ја смени одлуката: Наши државјани ќе може да влезат со ковид-потврда и негативен тест

Стојне Митева

ВИДЕО: Двајца полицајци тепале затовреник во затворот во Струмица

Во Калуѓерица поставена мини-фотоволтаична централа

Ѓ. K.