• Tue. May 14th, 2024

Бугарија ја смени одлуката: Наши државјани ќе може да влезат со ковид-потврда и негативен тест

Бугарија ја смени одлуката: Наши државјани ќе може да влезат со ковид-потврда и негативен тест

ткако вчера Бугарија донесе рестрикции за забрана на несуштински патувања поради ситуацијата со ковид-пандемијата, денеска одлуката е сменета и државјани на Северна Македонија ќе може да влезат во оваа земја со потврда за вакцинација или сертификат за прележана болест, но неопходен ќе биде и ПЦР-тест не постар од 72 часа.

„Со најновата одлука на бугарските власти, а која ќе стапи во сила од 20 јануари (четврток), на сите државјани на Република Северна Македонија им е дозволен влез во Бугарија со приложување валиден сертификат за вакцинација против ковид-19 или сертификат за прележана болест, заедно со негативен ПЦР-тест не постар од 72 часа“, соопштија од МНР

Негативен ПЦР-тест е потребен и за малолетници на возраст од 12 до 18 години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *