Регион

Се реализираше еко акцијата ,,Чисти ридови за сите“ – собрани пет тракторски приколки со отпад

Пет тракторски приколки со пластични шишиња лименки и друг ситен отпад се собраа од излетничко рекреативните локалитети во струмичкито регион во рамките на еко граѓанската акција ,,Чисти ридови за сите“ иницирана од ВК „Актив“ од Струмица.  Се чистеа вкупно шест локации кои се мета на излетници и рекреативци а некои несвесно фрлаат отпад.  Околу 100 тина граѓани од повеќе граѓански организации го собираа отпадот од трим патеката кон Св. Илија , локалитетот ,,Чамчифлик“ и просторот околу споменикот од НОБ кај раскрсницата кај Раборци.

Во акцијата се вклучија повеќе граѓански организации, здруженија, асоцијации. Во акцијата ,,Чисти ридови за сите“ се приклучија  и комуналните претпријатија „Комуналец“ Струмица, „Турија“ од Василево, „Огражден“ од Босилово, „Комуна“ од Ново Село кои со вработени и механизација помагаа во собирањето и транспортот на собраните ќеси со отпад до најблиските депонии.

Препорачуваме:

Високи температури уште денес и утре, од петок заладување

Стојне Митева

Се рушат објектите на просторот кај маларичната во Струмица

Ване Трајков

Водата за пиење од системот на ЈПКД Турија во О.Василево се забранува за пиење