Регион

СВР Струмица казни 67 возачи за брзо возење во Југоистокот

На 15.05.2022 во периодот од 11.00 до 17.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 67 пречекорувања на брзината, од кои 22 на подрачје на Струмица, 18 на подрачје на Гевгелија, 14 на подрачје на Радовиш и 13 на подрачје на Валандово. Во 34 случаи брзината била пречекорена надвор од населено место, а во 33 случаи во населено место. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

Препорачуваме:

Се одржа 23 „Тортијада“ во организација на „Мобилност Струмица“

Сузана Мицева

Саем за книга на отворено во Струмица

Ново Село со камери ќе контролира кој фрла ѓубре на дивите депонии

Сузана Мицева