• Tue. May 14th, 2024

Сведби нема до 15 мај, после ќе се ревидираат согласно препораките од Комисијата за здравство

Сведби нема до 15 мај, после ќе се ревидираат согласно препораките од Комисијата за здравство.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи ја отфрла можноста во овој момент да се дозволи организирање свадби во земјава и порачува дека актуелните протоколи за работа на угостителските објекти важат до 15 мај, кога ќе се ревидираат согласно препораките од Комисијата за здравство.

-Во овој момент очите се свртени кон Комисијата за здравство и тоа ни е единствената точка според која ги носиме економските одлуки

. Со последната одлука на Владата им дозволивме на угостителските објекти кои се категоризирани за организирање настани да работат под истите услови како што работат и сите други угостителски објекти, а тоа е да работат на отворени тераси и според протоколите.

Вчера зборувавме за евентуално дополнително прилагодување на протоколите за работа на оваа категорија на угостители, рече Битиќи во одговор на прашање по увидот на зафатната градба на Хидросистемот Злетовица за водоснабдување на Штип, Свети Николе, Лозово и Карбинци.Рестораните за свадби најавија протест пред празниците.

Се надевам, додаде, дека здравствената криза полека ќе спласне и ќе се намали притисокот кај здравствените работници и дури тогаш ќе може да зборуваме дали полека ќе се вратиме во нормалност. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *