• Fri. May 17th, 2024

Рестораните за свадби најавија протест

Рестораните за свадби најавија нов протест. Иницијативниот одбор за протест на рестораните кои работат организиани прослави, заедно со ноќните клубови, музичарите и фото студијата најавува нов протест кој е закажан за денеска во 15 часот. Протестот ќе трае два часа а ќе се одржи на истот место, во Автокоманда.

-По петочниот протест не добивме никаков повик ниту покана да разговараме со надлежните и да најдеме решение за нашите барања. Една година сме без работа, немаме начин да работиме ниту според веќе донесените протоколи кои важат за а ла карт ресторани. Станува збор за протест од егзистенционално значење токму за овој вид на дејности, и затоа ќе продолжиме да протестираме се додека не ни бидат исполнети барањата. Од среда протестот ќе се одвива пред Влада, рече Марија Синадиновска Арсовска.

Таа потсетува дека имаат четири барања. Дел од барањата се да се укине членот 14 од Уредбата со која се забранува организирање на секаков вид настани, и да се овозможи работа на рестораните според веќе важечките протоколи за а ла карт рестораните, да се изработи протокол за организирање на свадби.Сведоштво за откажана свадба ,естрадните уметници и фото студија на раб на егзистенција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *