• Tue. May 14th, 2024

Сместувачки објекти може да аплицираат за сертификат и печат од независната угостителска комора

Сместувачки објекти може да аплицираат за сертификат и печат од независната угостителска комора.

Сите видови сместувачки објекти од мал обем во кои правилно и целосно се спроведуваат и почитуваат препораките и важечките протоколи за работа на угостителски објекти за сместување од денеска имаат можност да аплицираат за верификација со сертификат и печат “Чисто и безбедно” (safe and clean), соопшти Независната угостителска комора.

Комората посочува дека локалните самоуправи имаат евидентирано неколку илјади категоризирани и некатегоризирани сместувачки објекти од мал обем (куќи, вили, викендици, станови, апартмани и соби кои се издаваат) со вкупен капацитет поголем од 20.000 легла. Најголема концентрација на овие сместувачки капацитети се наоѓаат во познатите македонски туристички места.

Голем дел од нив се издаваат преку познатите светски платформи како што се booking.com или airbnb.com, а дел од нив и преку македонските веб интернет платформи или мали огласи.Со цел да им овозможиме на домашните и странските гости правилен и сигурен избор на места каде ќе можат да се чуствуваат чисто и безбедно за време на својот престој или одмор доколку користат сместувачки објекти од мал обем – приватно сместувања во куќи, вили, викендици, станови, апартмани и соби ја проширивме нашата кампања и верификација со сертификатот и печатот “ЧИСТО И БЕЗБЕДНО” со можност на сертифицирање и на овие сместувачки објекти од мал обем, се наведува во соопштението на НУК.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *