Регион

Ристо Олумчев е најсреќниот крводарител во ОО Црвен крст – Гевгелија

ОО Црвен крст – Гевгелија во соработка со Институтот за трансфузиона медицина реализираше уште една успешна крводарителска акција. На акцијата, којашто се одржа во Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија, беа собрани нови 38 единици крв.

Како што беше и најавено, на оваа крводарителска акција наменета за граѓаните од регионот ОО Црвен крст – Гевгелија додели таблет-компјутер обезбеден од G-Store Computers Гевгелија на еден крводарител. Најсреќниот крводарител кој стана добитник на наградата е Ристо Олумчев.

Организаторите упатија благодарност до крводарителите за учеството и придонесот во успешната реализација на крводарителската акција, како и до домаќинот ЈОУ Пионерски дом – Гевгелија за овозможувањето простор и G-Store Computерs Гевгелија за овозможената награда.

Препорачуваме:

Видео од отворањето на манифестацијата „Дојран-град на културата 2016“

Генерално чистење и уредување на дворниот простор ЈЗУ “Здравствен дом“ Струмица

Филипче: Полицискиот час да почнува на полноќ и да се отворат фитнес центрите

Ване Трајков