Регион

Река Сушица доби уредено речно корито

Заврши реализацијата на проектот „Заеднички мерки за спречување и намалување на последиците од катастрофи во општините Сандански и Радовиш“ финансиран од Европската Унија преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Р. Бугарија – Р. С. Македонија.  Со овој проект целосно се изврши регулација на река Сушица во должина до околу 630 метри на критичните места. Коритото беше обложено со природен камен, исчистено дното на реката, поставување каскадни прагови, изградба на кејски ѕид, поставување скали и рампи. Со ова се очекува да се намалат последиците од природни катастрофи односно излевање на реката Сушица која при поројни дождови знаа да предизвика матријални штети.

Освен уредивање на коритото на реката,ќе се изврши и пошумување и озеленување околу коритото со што ќе се направат чекори кон намалување на негативните последици од поплавите, како и кон прилагодување на климатските промени во иднина. Исто така, ќе се подобри квалитетот на живот на граѓаните во прекуграничниот регион преку зголемување на безбедноста од природни катастрофи, информираа од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион

Целиот проект ченеше околу  587 илјади евра од кои ЕУ обезбеди околу 336 а општина Радовиш 190 илјади. Во истиот имаше и кофинансирање од државата во висина од 60 илјади евра.

Препорачуваме:

Традиционална средба на градежниците во манастирот „Света Богородица Елеуса“

Ѓ. K.

ВИДЕО: Остануваат истите рестриктивни мерки, граѓаните се согласуваат

По 15 години струмикиот театар со „Циркус Пирандело“ се враќа на МОТ