Регион

Расцветаниот бадем, сливата и раните сорти кајсии на удар од ниските утрински температури

Студените утра оваа недела може да предизвикаат штети доколку во регионите каде што се веќе расцветани бадемот, сливата и раните сорти кајсии паднат под -5 степени, предупредуваат агрометеоролозите.

Разладувањето на атмосферата со пониски дневни температури и врнежи од дожд и снег минатата недела, пак, го  успори или го одржуваше на исто ниво пролетното будење на овошките што е добро во овој период од годината зашто зимата сѐ уште трае.

-Ниските минимални утрински температури кои се очекуваат во текот на викендот и наредната седмица, особено во првите неколку дена, од агрометеоролошки аспект можат да причинат штети доколку во регионите каде е веќе расветан бадемот, сливата и раните сорти кајсии паднат под -5 оС, температура која е пониска од издржливоста на овошките во оваа фаза. Во повисоките региони каде не е почната вегетацијата добро е што ќе ги одржи подолго време во мирување овошките и виновата лоза, фаза, која колку подолго се одржува, толку се поголеми шансите да имаме поуспешна реколта, објаснуваат агрометеоролозите од УХМР.

Препорачуваме:

Костадинов од Тирана: „Струмица е претставник како најпрогресивна општина од Македонија“

Сузана Мицева

Екипа на Канал Вис навредувана и спречена да снима на седница во Ново Село

Сузана Мицева

Групна велосипедска дружба во Валандово, учесниците возеа по патека долга 37 километри

Ѓ. K.