• Sun. May 19th, 2024

Групна велосипедска дружба во Валандово, учесниците возеа по патека долга 37 километри

ByЃ. K.

Nov 6, 2023

Со групно возење велосипед валандовчани и сите кои се пријавија да бидат дел од оваа активност, вчера возеа велосипед по патека долга 37 км. Турата беше во комбинација со искачување од 750 м надморска височина.

Оваа велосипедска дружба по планинските предели на општина Валандово е организирана од страна на здружението Спортски клуб Југоисток и беше во пресрет на општинскиот празник – Ослободувањето на Валандово.

Спортското здружение Југоисток по 8. пат го организираше овој настан. А освен валандовчани има и членови од други градови од југоисточниот дел на земјата.

Целта на овој спортско-рекреативен настан е и побудување на општата свест за активноста возење велосипед која е од голем бенефит за човековото здравје.

By Ѓ. K.