Регион

Радовиш склучи договор за соработка и третман на електричен и електронски отпад

Во согласност со Законот за управување на електричен и електронски отпад, Градоначалникот на општина Радовиш потпиша договор за меѓусебна соработка со „Елколект“ ДОО Скопје – лиценциран колективен постапувач со отпадна електрична и електронска опрема и отпадни батерии и акумулатори.

Со ова, ЕЛС Радовиш доби донација од 1 еколошка станица. 4 матални корпи за отпад од електрична и електронска опрема, 9 пластични корпи за отпад од електрична и електронска опрема, и 7 туби за отпадни батерии.

Опремата е распоредена во основните училишта, општинското средно училиште и во Единицата за локална самоуправа.

Еколошката станица е лоцирана во кругот на комуналното претпријатие ЈП „Плаваја“. Во наредниот период ќе следуват предавања од стручни лица за учениците од основните и средното образование и доставување на  брошури и друг промотивен материјал за подигање на јавната свест.

„Елколект“ ДОО Скопје, ќе обезбеди и навремено преземање, транспорт и третман на отпадот.

Ги информираме и сите граѓани на Општина Радовиш, доколку поседуват електричен и електронски  отпад (телевизори, компјутери, апарати од  домаќинството, акомулатори, батерии…) дека истиот можат да го однесат во Еколошката станица, сместена во кругот ја ЈП „Плаваја“, информираат од општината.

Препорачуваме:

Европската куќа во Струмица одбележа 2 години постоење со реализирани 330 настани

Ване Трајков

Ацо Ристов едногласно избран за нов претседател на Советот на градоначалници на Југоисточен плански регион

Сузана Мицева

Општина Конче доби мобилна гинеколошка амбуланта

Стојне Митева