Спорт

Радовиш како на тренинг против Металург Ј. и со убедлива победа

Ракометарите на Радовиш на стартот од пролетниот дел од Шампионатот , пред своја публика го совладаа тимот на Металург Јуниор со 32:22. Целосна доминација на избраниците на Љупче Мијалов над подмладокот на Металург од Скопје во текот на мечот каде шанса да заиграт добија и т.н. Втор состав на Радовиш. За жал победата над Металург Ј. ги приближи само до борба за петата позиција но не и за директен пласман во Топ 4 која ќе разигрува за шампионската титула. До крајот на шампионатот Радовиш силите ке ги одмери со Пелистер Во Битола, со велешки Борец дома и Прилеп нагости. Металург, Охрид Работнички и Прилеп се четирите екипи кои со струмички Макс и скопски Вардар ќе играат за титулата

Препорачуваме:

ОФС на годишно Собрание ги избра Пандев, Гоцевски и Крстев за делегати во ФФМ

Ване Трајков

Струмички одбојкарски танц против Азербејџан за прва победа на Македонија

Ване Трајков

Добрина Хаџитосева од Наковски волеј е новото засилување во тимот на Струмица

Ѓ. K.