Македонија

Пристигнуваат брзите тестови, за 15 минути ќе се утврдува кој е позитивен на вирусот

Денеска треба да пристигне донација од 13.000 брзи тестови кои се најнова технологија со која за 15 минути се утврдува дали кај тестираниот е присутен вирусот Ковид-19. Тестовите ќе бидат дистрибуирани по сите пунктови каде што се врши тестирањето.

„13.000 брзи тестови ќе бидат дистрибуирани по сите пунктови каде што се прават тестирања. Тоа се брзи тестови коишто се готови за 15 минути, тоа се најновите тестови, најновата технологија, со тоа уште повеќе се зголемува капацитетот на сите државни лаборатории и тоа ќе стане и редовна пракса на тестирање“, најави министерот Венко Филипче.

Министерството за здравство вчера информираше дека сите државни лаборатории располагаат со доволен број тестови за Ковид-19, а значително се зголемени и капацитетите на државните лаборатории кои вршат тестирање за Sars Cov-2, Ковид-19. Според вчерашната статистика, од вкупно направени 3.294 тестирања, во државните лаборатории беа направени речис 1.800 теста, од кои само 1.310 во лабораторијата на Институтот за јавно здравје, каде што деновиве речиси двојно е зголемен капацитетот.

Почитајте: Директорот на струмичката болница побар адонација, па го повлече барањето

На почетокот на минатата недела во Институтот за јавно здравје функционира уште едно приемно одделение со лаборант и администратор. Со ова значително се забрза процедурата за земање брисеви за Ковид-19 и се зголеми бројот на тестирања на дневна основа во оваа установа, но и во ЦЈЗ Скопје. Есенскиот бран ги полни лабораториите, но и болничките капацитети. Министерството за здравство апелира на одговорност од страна на граѓаните и почитување на мерките за заштита. Вчера беа регистрирани 865 нови случаи на Ковид-19, а 10 лица починаа. Вкупната бројка на дијагностицирани е 32.436, а оздравени се 359 пациенти.

извор: Макфакс

Препорачуваме:

Од утре почнува етапната исплата на јануарските пензии

Ване Трајков

АВМУ: Да не се изнесуваат неосновани обвинувања за непрофесионалност на медиумите

Сузана Мицева

Деветмина починати, 193 нови случаи на Ковид-19 во земјава

Сузана Мицева