• Sat. May 18th, 2024

АВМУ: Да не се изнесуваат неосновани обвинувања за непрофесионалност на медиумите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги предупредува дека известувањето на медиумите може да се оценува само врз основа на мониторинг, спроведен според научно утврдена методологија, а не врз личен впечаток или интереси. Имајќи го ова предвид, Агенцијата повикува, сите, а особено политичките субјекти, да се воздржат од јавно изнесување паушални оценки затоа што ваквото постапување не само што му наштетува на угледот на медиумите туку претставува и притисок врз нив, со што сериозно се загрозува слободата на изразување и информирање, пренесува Макфакс.

„До Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги се обрати ‘ТВ 21-М’ со реакција за обвинувањата од лидерот на политичката партија Алијансата на Албанците дека телевизијата преку емисијата „ЕУ клик“ користи ЕУ-фондови за промоција на кампањата на ДУИ.

Во својата реакција „ТВ 21-М“ наведува дека емисијата не се користи за предизборни кампањи и дека гостите во емисијата, чиј состав е разнолик, се повикувани во зависност од темите што се обработуваат.

Со мониторинзите што Агенцијата ги прави за начинот на известување на радиодифузерите и застапеноста на политичкиот плурализам не се забележани неправилности во однос на ‘ТВ 21-М’. Напротив, последната оценка од посеопфатниот мониторинг на програмата на оваа телевизија наведена во извештајот од медиумското известување за предвремените парламентарни избори за периодот од 17 февруари до 16 март е дека при известувањето на ‘ТВ 21-М’ – ‘беше почитувано начелото на објективно и непристрасно прикажување на настаните со еднаков третман на различните гледишта и мислења и овозможување слободно оформување на мислењето на публиката за одделни настани и прашања“. Предмет на мониторинг во наведениот период беа и сите емитувани изданија на ‘ЕУ клик;“, се наведува во рекацијата на АВМУ.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *