Регион

Приведено лице во Струмица по распишана централна потерница

Приведено лице во Струмица по распишана централна потерница

Вчера вечер во 20.35 часот од страна на полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги, од угостителски објект на бул.„Климент Охридски” во Струмица, лишен е од слобода З.Д.(50) од Скопје, баран по распишана централна потерница и судска наредба на Основен кривичен суд Скопје, осуден на казна затвор за сторено кривично дело „измама“.

З.Д. бил предаден во полициска станица за понатамошна постапка, по што ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на затворската казна.

Препорачуваме:

Од денеска повторно се отвораат добиточните пазари низ земјава

Стојне Митева

Милошоски бара оставка од Заев и Димитров: „Лажните разговори се голем скандал“

Босилово потпиша договор со Бирото за регионален развој за улица во Иловица