Македонија Регион

Милошоски бара оставка од Заев и Димитров: „Лажните разговори се голем скандал“

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски изјави дека разговорот на премиерот Зоран Заев со лажните дипломати е сериозен дипломатски скандал.

Со ова, како што истакна Милошоски, нанесена е штета на Република Македонија, на репутацијата на надворешната политика, а нарушена е и довербата заради споделување информации.

„Димитров требал да го информира Заев како се разговара со дипломати, има протокол што го утврдува терминот за разговори и теми. Ваквото грубо кршење на протоколот е доволна причина за оставка на Заев, Димитров и Телевски. Ваков скандал досега се нема случено на ниту еден државник што се занимавал со меѓународни прашања“, изјави Милошоски.

Руските комичари Вован (Владимир Кузенцов) и Лексус (Алексеј Столаров) вчера на „Јутуб“ објавија видео во кое од името на поранешниот украински претседател Петро Порошенко разговараат со македонскиот премиер Зоран Заев. Премиерот во видеото со лажните дипломати разговара за надворешната политика – преспанскиот договор, односите Србија-Косово, Украина, односите со Русија, ЕУ и НАТО.

извор:makfax

Препорачуваме:

Од утре, повторно започнува со работа градскиот пазар во Валандово

Стојне Митева

Османи: Регионот заслужува фер третман во процесот на европско интегрирање

Амбасадорката на Србија во земјава: Македонија и Србија имаат традиционално добри односи