Регион

Прес-конференција по повод одржување на музички фестивал на храна и вино „Вкуси го југот“ во Гевгелија

Андон Сарамандов, градоначалник на општина Гевгелија:

„Викендов, од 15 до 17 септември ќе бидеме домаќини на културен настан со богата музичка програма и голем број на учесници кои ќе ја презентираат гастрономската понуда на Гевгелија и регионот.

Гевгелија е препознатлива по квалитетните услуги во угостителските објекти, Гевгелија е препознатлива по добрата храна и пијалоци, гевгеличани се препознатливи по својата љубезност и затоа сметам дека Фестивалот – „Вкуси го југот“ ќе придонесе за туристичка aфирмација на нашиот град.

Верувам дека оваа културна манифестација ќе биде успешно организирана со голем број на гости, годинава даваме поддршка за македонските артисти во музичката програма и се надевам дека во иднина ќе прерасне во традиција со голем број на посетители од земјата и странство.

Гевгеличани заслужуваат културна манифестација од ваков тип.

Да бидеме добри домаќини, да направиме добра забава, а на гостите да им посакаме топло добредојде и да уживаат со добра храна, вино и музика“.

Катерина Јовановиќ, претставник на Крафт Продукција :

„Фестивалот е поделен во неколку сегменти, најпрво изложбениот каде во повеќе од 20 големи шатори во кои повеќе од 50 изложувачи меѓу кои има производители на пијалоци, храна како и ракотворби и уметнички предмети со кои ќе презентираат локалните производители, потоа имаме и голема музичка сцена со повеќе од 20 изведувачи, детска програма и забава со песните од Детскиот музички фестивал „Калинка“. Ќе имате можност да го проследите дефилето и изложбата на Олдтајмери од повеќе клубови од Македонија, како и еден од Република Србија.

Водител на манифестацијата ќе биде нашиот добро познат Актер Сашко Коцев, а гевгеличанецот Дејан Малзарков – Диверзија, ќе настапува секој ден со свое стенд ап хумористично шоу.

Фестивалот ќе се оддржи на спортското игралиште на ООУ „Владо Кантарџиев“, има два официјални влеза кои се бесплатни, има означено паркинг место, а ќе бидат поставени и тоалети.

За потребите на фестивалот ќе бидат ангажирани Агенција за обезбедување, редарска служба, ТППЕ Гевгелија, ЈПКД „Комуналец“ Гевгелија, Општа Болница Гевгелија, како и МВР Гевгелија.“

Препорачуваме:

Дневно во Струмица се вакцинираат од 650 до 850 граѓани против Kовид-19

СПЕЦИЈАЛНА НАГРАДА за „Златна петорка“ во Санкт Петербург

Непречено се одвива теренската вакцинација во општина Гевгелија и соседните општини