Регион

Предупредување и препораки од МЕПСО за земјоделците

МЕПСО А.Д. ги предупредува сите земјоделци во екот на сезоната за наводнување да бидат особено внимателни додека ракуваат со опремата за наводнување, со земјоделската механизација и со додатна земјоделска опрема во близина на далноводи од преносната мрежа.
Предупредуваме и апелираме особено да внимавате на следните опасности:
Одбегнувајте да поминувате со земјоделска механизација под трасите на далноводите од преносната мрежа и во нивните безбедносни коридори. Особено одбегнувајте ги безбедносните коридори и и не поминувајте под проводниците со комбајни или друга робусна земјоделска механизација!
Одбегнувајте да поставувате цевководни системи за наводнување на земјодески површини во трасите на далноводите, а никогаш не ги поставувајте под проводните јажиња во далноводните траси!
Никогаш не ги кревајте во височина металните цевки од системите за наводнување во далноводните траси и други метални елементи особено под проводните јажиња. Воздржете се од манипулација и поставување на метални цевки во трасите на далекуводните коридори!
Не поставувајте прскалките за наводнување под проводните јажиња и во безбедносните коридори на далноводите од преносната мрежа!
Секогаш пред да поставите прскалки за наводнување во близина на далноводна траса направете добра проценка на правецот на ветерот. Допирот на водниот млаз со проводните јажиња може да биде кобен по живот на лице кои се наоѓа под трасата на далноводот!
– Не палете ги стрништата во близина на далновод. Тоа е голема потенцијална опасност за материјална штета на опремата на далноводот и загрозување на работата на МЕПСО А.Д.!

Не загрозувајте го сопствениот живот како и животите на сите што се наоѓаат во ваша близина! Воедно не загрозувајте ја доверливоста на електроенергетскиот систем! Доколку заради негрижа биде предизвикана штета на опремата и далноводите МЕПСО А.Д. известува дека ќе биде принуден да ги превземе сите потребни мерки и активности за да го заштити имотот на компанијата

Препорачуваме:

Одбележан чист понеделник. Струмичани го пробаа белото гравче

Dimitar Micev

Во април има еден неработен ден за сите граѓани

Ѓ. K.

Видео: Струмичани преку Граѓански новинар се жалат на искршени клупи на Градскиот плоштад

Ване Трајков