Спорт

Почнува Светското фудбалско првенство за жени

Со натпреварот Нов Зеланд – Норвешка, утрово (почеток 9 часот) во Оукленд беше отворено Светското првенство за фудбалерки.

Во вториот денешен натпревар ќе се сретнат Австралија и Република Ирска. Овој натпревар почнува во 12 часот по македонско време.

Овој Мундијал е деветти и прв кој се игра во две држави – Австралија и Нов Зеланд.

На првенството за прв пат ќе учествуваат 32 репрезентации кои ќе бидат поделени во осум групи. Двете најдобри од секоја група ќе се пласираат во следната фаза. Ќе се играат вкупно 64 натпревари.

За најголемиот женски планетарен фудбалски собир владее досега невиден интерес. Продадени се околу 1,4 милиони влезници.

Бранител на титулата е селекцијата на САД. Американките се први фаворити за освојување на трофејот кој би им бил трет во низа.

Шампионатот ќе трае до 20 август.

Препорачуваме:

Прва сезона и можност за титула – Астраионци во завршната пресметка за пионерски првак на Македонија

Ване Трајков

Најмладите пионери на А.Пандев – бронзени на Евима Купот во Бугарија, Талаков најдобар среден играч

Ване Трајков

Струмичанки најбрзи на велосипед до врвот на Водно, злато за Кушовска, сребро за Дафева

Ване Трајков