• Thu. May 16th, 2024

Почнува исплатата на субвенциите – исплата во четири денови

Исплатени се парите за субвенции на тутунопроизводителите. Подигнувањето на парите ќе биде од вторник, 21 април до петок, 24 април.  Ќе бидат исплатени 30 милиони евра субвенции за реколта 2019 на 19 050 тутунопроизводители. 

 За да не се создаваат гужви пред банките, подигнувањето на парите за граѓаните коишто немаат платежни картички ќе можат да ги добијат во четири денови, почнувајќи од вторник. Оние, пак, што имаат платежни картички, парите ќе можат да ги подигнат од банкомат и во понеделник.

Според министерот за земјоделство, Трајан Димковски, производството на тутун е стабилно и се должи на зголемените субвенции.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *