• Sat. May 18th, 2024

Националните паркови и заштитните подрачја немаат забрана за движење

Мерката за забрана за движење низ шумите е заради заштита на шумите од пожари, тврди министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски. Тој вели дека само минатиот месец имало околу 27 шумски пожари. 

Станува збор за делумна забрана, вели Димковски, бидејќи станува збор за забрана само за шумите со кои стопанисува ЈП Национални шуми.

Луѓето коишто имаат пролетни активности во шумите како собирање на шумски плодови во овој период може да ги продолжат своите работи, но да се пријават во подрачните единици на јавното претпријатие „Национални шуми“ и да добијат дозвола.

Исто важи и за планинарите и рекреативниците, кои можат да се пријават.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *