• Fri. May 17th, 2024

Пациентите со Ковид-19 од Куманово ќе бидат префрлени во Скопје

Хоспитализираните лица во кумановската болница од Ковид-19 ќе бидат префрлени во Скопје, затоа што голем дел од вработените во болницата се во самоизолација, извести на синоќешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче, објави Макфакс.

Станува збор за седум лица кои се хоспитализирани во кумановската болница, а се позитивни на коронавирусот.

Понатаму, како што извести Филипче, во кумановската болница ќе се врши тријажа, односно проценка на здравствената состојба на пациентите, па во комуникација со директорот на Градската болница „8 Септември“, ќе се одлучува дали тие, во зависност од симптомите ќе бидат префрлени во Скопје или ќе останат да се лечат во кумановската болница.

Филипче додаде дека на денешниот состанок на Комисијата за заразни болести од стручен аспект било разговарано во однос на барањата на Кризниот штаб за прогласување карантин во Куманово, но дека конечната одлука ќе биде донесена на утрешната седница на Владата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *