Регион

Почнаа подготовките за адаптација на објекти за градинки во Муртино и во Куклиш

Седумдесет деца треба да бидат сместени во нови градинки кои треба да никнат во адаптирани општински објекти во населените места Муртино и Куклиш. Во насока на подготовка на документ за оценка на проектот „Адапрација на постоечки општински објекти во детски градинки“, претставници на Центарот за промоција одржливи земјоделски практики и рурален развој денеска во струмица ја скенираа состојбата.

По средбите со градоначалникот на општината Коста Јаневски, членови на општинскиот совет, граѓани од населените места Куклиш и Муртино и општинската администрација, ангажираните претставници на лице место ја утврдуваа фактичката состојба, стои во писмената информација.

-Адаптацијата на постоечките општински објекти во градинки на локации во непосредна близина на постоечки основни училишта овозможува функционално решавање на просторот и згрижување на 70 деца. Ова е најбрзиот начин да се обезбедат квалитетни објекти со подобрена топлинска и хидро изолација и структура на организациони единици за згрижување на децата од 2 до 6 години. Во исто време, адаптацијата на постоечките објекти со користење на мерки за топлинска изолација е во согласност со стратешката определба за енергетска ефикасност на општина Струмица, велат од Општина Струмица.

Дел од средствата за реализација на проектот ќе се обезбедат од компонентата инвестициски грантови од ИПА од страна на ЕУ, преку МСИП проектот за подобрување на општинските услуги. Останатиот дел од средствата за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст во руралните населени места Куклиш и Муртино ќе ги обезбеди Општина Струмица од локалниот буџет.

Препорачуваме:

Агроекспертите апелираат земјоделците да прават агрохемиска анализа на почвата

Ване Трајков

Насилна смрт во Струмица

Dimitar Micev

Силувале и снимале малолетничка

Dimitar Micev