Регион

Посебен режим на сообраќај во Струмица поради чествувањето на Празникот на градот, Св. Петнаесет Тивериополски свештеномаченици

Општина Струмица известува дека на ден 10.12.2023 (недела) и на ден 11.12.2023 (понеделник), поради чествувањето на Празникот на градот Св. Петнаесет Тивериополски свештеномаченици, ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќајот од страна на СВР Струмица, и тоа на улиците „Крушевска Република“, „5ти Ноември“, дел од улицата „Бетовенова“ и улицата „Славчо Стојменски“.

Дополнително, од општината известуваат дека дозволена зона за поставување на мобилни продажни пунктови ќе биде потегот долж десната страна на улицата „Крушевска Република“, односно од крстосница на улица „Крушевска Република“ со улица „5ти Ноември“ (Чурлински мост), до крстосница на улица „Крушевска Република“ со крак на улица „Охридска“.

Општина Струмица ги замолува сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат дадените насоки.

Препорачуваме:

132 илјади вработени во јавниот сектор 73% Македонци, а 20% Албанци

Стојне Митева

Обука за промоција на хумани вредности во Црвен крст, Струмица

Dimitar Micev

Утре литија со иконата Пресвета Богородица Брзопослушница