• Sat. May 11th, 2024

Утре литија со иконата Пресвета Богородица Брзопослушница

Во 10 часот иконата заедно со свештенството ќе тргне од црквата свети 15 тивериополски свештеномаченици, до плоштадот Гоце Делчев. Свечениот чин е организаран во чест на годишнината од пристигнувањето на иконата во Струмица, подарок од светогорскиот манастри Дохијар.

Една година по пристигнувањето на иконата Света Богородица Брзопослушница во Струмица, црковното свештенство утре организира литија низ центарот на градот. Славењето на мајката Божја ќе почне вечерва со бдение во црквата Свети 15 тивериополски свештеномаченици.

Иконата на Пресвета Богородица Скоропослушница стана препознатлив симбол на Струмица. Тука секојдневно се собираат голем број верници од различни краишта.

Иконата е реплика на истоимената која се наоѓа во манастрирот Дохијар на Света Гора.

Самата икона на Богородица е наречена брзопомошница, зошто таа на монахот на кој му го вратила видот во Светогорскиот манастир му порачала дека нејзиниот образ ќе се вика брзопомошница, велејќи дека секој што ќе ми се обраќа и ќе ме повика, бргу ќе го послушам и нема да задоцнам со мојот одговор односно исцелени, објаснуваат од свештенството.

Иконата висока 180 сантирметри со позлатена рамка  стои на специјална подлога во манастирот „Св.15 тивериополски свештено-маченици“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *