Регион

Полицискиот час денеска и утрe од 19 до 5 часот

За разлика од претходниот, граѓаните овој викенд ќе го поминат со поголема слобода на движење. Полицискиот час денеска и утре за сите граѓани на територија на целата држава почнува од 19 часот навечер, а ќе трае до 05 часот наутро.

Согласно одлуката на Владата, сите млади лица под 18 години денеска и утре ќе можат да се движат од 13 до 19 часот.

Возрасните граѓани над 67 години, ќе можат да се движат од 05 до 12 часот.

Министерот за здравство, Венко Филипче истакна дека од понеделник е можно олабавување на мерките. Сепак, за ова поконкретно ќе се одлучува денеска на состанокот на Комисијата за заразни болести, и на централниот Штаб на Владата.

По состанокот конкретно ќе се димензионираат мерките, и ќе се знае кои субјекти ќе можат први да отворат.

Автошколи и сите оние кои организираат едукации или курсеви би биле првите што ќе почнат со работа.

Препорачуваме:

Потпишан договор за укинување на роамингот во Западен Балкан

Струмичката оперска певица Јаворка Витанова на оперската сцена во Москва

Сузана Мицева

Приведен криумчар на мигранти во близина на гевгелиското село Богородица

Ѓ. K.