Забава Регион

Струмичката оперска певица Јаворка Витанова на оперската сцена во Москва

Младата оперска певица Јаворка Витанова од Струмица изминатиот викенд настапи во Москва на големата сцена во Кремљ палатата. Таму се одржа традиционалниот 10-ти „Меѓународен ден на руската романса во Кремљ“, каде настапија најдобрите вокали на светот.

Свој настап имаше и струмичанката Јаворка Витанова, која во дует со Сергеј Обабкин изведоа познато дело од руската класика.

Инаку, Јаворка Витанова, која магистрираше во класата на Весна Гинова Илкова, пред неколку години освои прва награда и златен медал на натпреварот за руска романса, „Романсијада 2018“, што се одржа во Москва и на кој вообичаено се претставуваат најголемите тамошни уметници.

Препорачуваме:

Радовишанец тешко повреден откако со возило излетал од патот кон планината Плачковица

Ване Трајков

Шест училишта во Југоистокот ќе се реконстурираат

Ване Трајков

Донација на опрема за етноресторан во Босилово