Регион

Критики за шалтерски работници во матичната служба во Струмица: Дрски и безобразни, за извод се чека и една недела

Дрскост, непочитување на барањата на клиентите, непристоени, саркастичени дури и безобразни.Вака ги опишуваат граѓаните некои од шалтерски работници во матичната служба во Струмица. Граѓаните кои сакаа да останат анонимни до нашата редакција реагираат на речиси секојдневниот испад на неколкумината од овој пулт. Од Управата велат дека се запознаени конкретно за последниот испад, односно вчера попладне, на двајцата вработени на шалтерите и дека веќе е разговарано со нив.

За изводот на родени, починати или венчани, на кој службениците треба само да напишат лични податоци, граѓаните чекаат и до една седмица. А притоа морале да го трпат сарказмот на дрските шалтерски работници. Раководителот на службата признава и се пожали дека се дефицитарни службените лица па затоа и толку се чека, но не го оправдува вчерашниот инцидент.Денес нашата екипа контактираше и со главната дирекција на службата а од таму уверуваат дека против службениците ќе бидат покренати санкции за непочитување на службена должност.

Препорачуваме:

Премиерот Заев на регионалната конференција „Зајакнување на капацитетите на Координативните центри за интегрирано гранично управување“

Стојне Митева

Синоќа струмичка промоција на книгата Фредерик Шопен – поетот на музиката

Во вторник во Струмица ќе се одржи бизнис работилница на тема „Откријте го Вашиот потенцијал“

Ване Трајков