Регион

Во вторник во Струмица ќе се одржи бизнис работилница на тема „Откријте го Вашиот потенцијал“

„Откријте го Вашиот потенцијал“ е темата на работилницата која под покровителство на River Soft ќе се одржи на 7-ми мај во Струмица.

Работилницата ќе започне во 17 часот во Малата сала при Културниот дом во Струмица, а ќе трае до 21 часот.

Тренер на истата ќе биде Александар Кочовски, консултант и тренер за личен и организациски развој, кој има соработувано со преку 40 компании од Македонија.

Тој има одржано и бројни работилници, предавања и семинари, од областа на бизнисот и претприемаштвото, со преку 500 луѓе. 

Денес Александар Кочовски има сопствена компанија и работи како советник и бизнис консултант на успешни компании од Македонија. Исто така е активен и на социјалните мрежи каде преку креативни видеа споделува совети и искуства со неговата публика.

Работилницата во Струмица е наменета за сите сопственици, бизнисмени, претприемачи и менаџери, а е во организација на Риверсофт од каде најавуваат незаборавна обука преку презентација на нови бизнис навики и техники.

Сите заинтересирани потребно е да го најават своето присуство поради ограничениот број на учесници на следниот линк.

Препорачуваме:

Поддршка за фолклорот во Штука – школа за традиционални музички инструменти (гајда, кавал, тапан)

Ѓ. K.

Учениците од Општина Конче добија бесплатен превоз до нивното училиште

Ване Трајков

Сo 19 милиони денари ќе се реконструира и санира киносалата во Валандово

Ѓ. K.