Спорт

Плачковица превисока за Беласица, струмичките синобели поразени од радовишани

Радовишка ,,Плачковица,, го прекина победоносниот од на струмичка ,,Беласица,,. Во рамките на 11 тото првенствено коло од Третата фудбалска лига исток,  непобедливите струмички синобели претрпеа неочекуван пораз од радовишкиот состав кој на терен покажа огромна желба да се победи лидерот во ова натпреварување и да се освојат трите бода. Единствениот гол падна во второто полувреме за огромна радост на радовишката публика која од трибините ги бодреше своите миленици во текот на целата средба.

Според информациите и двата тима покажале одлична и борбена игра, докажувајки дека не заслужуваат третолигашки статус. На натпреварот биле досудени и два црвени картони од страна на судијата Војче Истатов.

Василево пак на гостувањето во Берово славеше со 2:1 против домашната Малеш при што се искачи на средината од табелата. Според информациите василевчани одиграле борбено и без респект кон домакините.

По ова коло Беласица и понатаму е на лидерската позиција со 27 поени а во врвот на третолигашката табела се проби и Плачковица со 21 поени

Препорачуваме:

Димитар Пандев стави потпис за IUPUI JAGUARS во САД и ќе игра во NCAA лигата

Ване Трајков

Ѓоковиќ стави потпис на македонското знаме по победата против Фриц во Њујорк

Ѓ. K.

Од 12 до 14 Април Кошаркарскиот Куп на Македонија во Гевгелија

Сузана Мицева