Спорт

,,Пандевци,, му наплатија на Силекс за двата пораза, го елиминираа од Купот со пет гола

Фудбалерите на ,,Академија Пандев,, забележаа убедлива победа против Силекс од Кратово од 5:0 во реванш дуелот од осминафиналето од Купот на Македонија  и се пласираа во четвртфиналето. Пласманот меѓу 8 те најдобри екипи во Куп натрпеварите го најaви Зоран Балдовалиев кој во финишот од првото полувреме ја затресе мрежата на Силекс по асистенцијата на Грифони

Балдовалиев беше егзукатор од белата точка во 60 минута откако фудбалер на Силекс играше со рака во забранетиот простор.

Лупче Дориев го надмудри голманот Митровиќ во 83 минута зголемувајки на 3:0 додека Мишев го постигна 4 гол во 87 минута по успешниот продор по левата страна

Искусниот  Балдовалиев со топовски удар во стилот на големите мајстори ја испука ,,петардата,, за Силекс реванширајки им се за двата пораза во Купот (во првиот меч) но и пред два кола во првенството

 

Препорачуваме:

Беласица со рекордна победа, 24:0 против Конче Бирлик

Ване Трајков

Настапиле со ампуларна терапија и славеа со 10 гола разлика – ЖРК Струма Геотермика ја забележа третата победа

КК Струмица утре против Еуро Никел во сала Парк

Ване Трајков