• Fri. May 17th, 2024

Пандевци го надиграа Скопје сега сами се на лидерската позиција

Фудбалерите на Академија Пандев со головите на Сашко Пандев и Јани Атанасов го надиграа тимот на Скопје во дербито од 7 коло од Втората лига на Македонија имајки во предвид дека стануваше збор за пресметка на двете водечки екипи во ова натпреварување. Со оваа петта победа ,,пандевци,, сега се сами на лидерската позиција со вкупно 16 бода, 3 повеќе од Скопје кој на стадионот Младост се надеваше на поволен резултат но момците на Панче Стојанов не дозволија бодовите да заминат од Струмица.

Струмичани стартуваа самоуверено и веќе во 3 минута Сашко Пандев го откри резултатот со кој заврши и првото полувреме. Во вторите 45 минута  Јани Атанасов го постави конечните 2:0 со голот  во 64 минута. Со тоа  ги закопа надежите на гостите од Скопје за било какво изненадување

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *