Регион

„Отворени денови со советниците на Општина Струмица“

Граѓаните на Струмица и населените места се сретнаа со советниците на трибината „Отворени денови со членовите на Советот на Општина Струмица“ во организација на Центарот на заедниците.

Главен проблем кој го посочиле присутните било прашањето со кучињата скитници, чистењето на речните корита, а жителите на населените места го покренале прашањето со осветлување и други капитални проекти.

-Ги поканивме сите членови на Советот. Целта ни е да помогнеме за транспарентното работење на локалнат авласт и институциите. Ова е начин, граѓаните директно да се сретнат со советниците, и да им ги предочат проблемите со кои се соочуваат. Ние, и претходно имавме средби и со сите комисии кои работат во склоп на Советот, рече Танкица Паукова од Центарот на заедниците.

Претседателот на Советот, Марјан Даскаловски, ги повика граѓаните да учествуваат на ваквите средби од кои ќе имаат обострана корист.

-Пред нас е нов четиригодишен период. Ги поканувам граѓаните да ја искористат секоја можност за директна комуникација со Советот. Така и ние ќе знаеме кои се нивните потреби, проблеми и приоритети, а ние како локална власт, помагајќи им, ќе ја креираме локалната политика во обострана корист, рече Даскаловски.

Активноста беше во рамки на проектот „Институционална поддршка за 2017 година“, финансиран од Фондацијата Отворено Општество Македонија.

Препорачуваме:

Приведен радовишанец, при претрес пронајдена дрога

Ѓ. K.

Претрес во Гевгелија, пронајдени стебла канабис, приведен е дилер

Ѓ. K.

Во Струмица казнети 116 возачи, од кои 32 за нерегистрирани возила

Сузана Мицева