• Sun. May 19th, 2024

Фото – Василево го реконструираше одводниот канал за атмосферски води во Сушево

Општина Василево заедно со ЈП ,,Турија,,  во населено место Сушево го реконструираше одводниот канал за атмосферски води со цел пренасочување на водите во речното корито во селото. Станува збор за одводен канал  во должина од околу 40 метри. Општината со сопствени средства а преку ЈП Турија поставија пластични одводни цевки со кои  ќе се опфајќаат атосферските води и нивно пренасочување во главниот канал кој се протега низ целото село. Со тоа се очекува трајно да се  реши проблемот со атмосферските води во ова село при секои обилни врнежи од дожд. Градоначалникот Марјан Јанев изврши увид на работите при што истакна дека во соработка со граѓаните на населените места секогаш ќе се детектираат итните и важни  проблеми со цел  заедничко решавање на истите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *