Регион

Општина Струмица вчера попладне повторно изврши дезинфекција

Општина Струмица на време ја согледа потребата од спроведување на соодветни мерки за спречување на ширењето на корона вирусот и започна со нивна реализација. Меѓу првите мерки беше дезинфекцијата на улиците, тротоарите, јавните површини, урбаната опрема во градот и во населените места, која што се спроведува согласно препораките кои  докажуваат ефикасност. Тоа значи дека се врши на одреден временски период и со средства според искуствата и согледувањата  од земјите кои први се соочија со овој предизвик, стои во информацијата од општината

Почитувајќи ги позитивните искуства од примена на средства и временски интервали, во попладневните часови, по започнувањето на полицискиот час, продолживме со дезинфицирањето на улиците во градот, а посебен третман е спроведен на улиците во периферните делови на градот. Рачно ќе бидат дезинфицирани и тротоарите и урбаната опрема, а од утре дезинфекцијата ќе продолжи и во населените места.

Препорачуваме:

ЗНМ со работилница за дезинформации и лажни вести во Струмица

Ване Трајков

Видео: Концерт под маски на ОМУ „Боро Џони“-„Алиса во земјата на чудата“

Бетонирање на улици и краци за подобрување на инфраструктурата во населеното место Смоквица

Ѓ. K.