Регион

Бетонирање на улици и краци за подобрување на инфраструктурата во населеното место Смоквица

Градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов, изврши увид во тековните активности за бетонирање на повеќе улици и краци.

Тој оствари средба со повеќе граѓани со кои разговараше за секојдневните проблеми со кои се соочуваат.

„Како што ветив минатата година, продолжува изградбата на повеќе улици кои преостануваат во населеното место. Нашата цел е подобри услови за живот во сите населени места. Во наредниот период продолжуваме со градежните активности за изградба на улици и патишта кои се од витално значење за граѓаните во општина Гевгелија и другите населени места“, истакна Сарамандов.

Препорачуваме:

Тим на ТППЕ Струмица учествуваше на меѓународна вежба за справување со последици од земјотрес

Ѓ. K.

Зголемен интересот на струмичани за греење со огревно дрво

Од вечерва на полноќ горивата поефтинуваат

Ване Трајков