• Thu. May 16th, 2024

Зголемен интересот на струмичани за греење со огревно дрво

Поскапувањето на цената на енергенсите, најавите за повисока цена на електричната енергија ги натера струмичани да се вратат кон огревното дрво. Според податоците на шумското претрпијатие Беласица за околу 20 проценти е поголем бројот на договори во споредба со лани, а за околу 25 до 30 проценти е зголемена и количината огревни дрва на кои ќе се греат струмичани.

Во телефонски разговор со ТВ Канал вис од Шумското велат дека постепено се нормализира испораката на дрвата. Во тек е и втор тендер кој треба да помогне во побрзо доставување на платените дрва. Од шумското повикуваат на трпение кај граѓаните со ветување дека до почетокто на грејната сезона секое домаќинство кое има направено договор и ги има подмирено обврските ќе ги добие огревните дрва. Во моментов се носат дрвата за догвоорите од месец февруари и март. Сепак појаснуваат во шумското проблем се и временските неприлики кои ја забавуваат доставата.

Од шумското Беласица велат дека од понеделник ќе биде пуштена и селската сеча. Затоа ги повикуваат жителите од руралните средини од струмичко да почнат да поднесуваат барање за сеча.

Дрвата се продаваа по 2.370 односно 2.470 денари по кубик бука или даб. Засега не се склучуваат нови договори додека не се подмират обврските кон претходните.

Инаку денес Владата ја замрзна маржата за огревно дрво и пелети за огрев на најмногу 10 проценти.

Согласно Одлуката највисоката трговска маржа за овие производи за сите трговци се утврдува во висина најмногу до 10%, објави министерот за економија Крешник Бектеши.

Висината на трговска маржа најмногу до 10% за наведените стоки ќе важи за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец во трговијата на мало, а транспортот за испорака на стоките до крајните потрошувачи не се пресметува во висината на трговската маржа.

Причината за ограничување на трговската маржа се заснова на усогласување на разликите во цените кои сега се присутни во трговијата на мало, односно при продажба на огревно на дрво и пелети за огрев.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *